Во текот на вчерашниот ден, кумановец со автомобил удрил во пешак, по што и нанел тешки повреди, а тој побегнал.
„Вчера околу 18.40 часот, на локалниот пат Куманово- село Табановце, во близина на крстосницата со пат кој води кон село Горно Којнаре, во Куманово, патничко возило „опел“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од село Долно Којнаре, кумановско, удрило во пешакот Е.П.(26) од с.Горно Којнаре, после што возачот го напуштил местото на незгодата“ велат од МВР.
Е.П. била пренесена во Ургентен центар Куманово, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Возачот бил пронајден и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.