Во текот на вчерашниот ден бил нападнат таксист во близина на депонијата Дрисла.

Вчера околу 21.00 часот во СВР Скопје, Д.К.(57) од Скопје, пријавил дека кај депонијата „Дрисла“ едно лице, кое го превезувал со такси возило, го нападнало со тврд предмет и му одзело пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.