Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, потпиша наредба со која се прогласува состојба на „вонредна катастрофа“ за борба против насилството со оружје и државата Њујорк да биде побезбедна.
– Отидовме од ковид во епидемија на вооружено насилство. Повеќе луѓе умираат од насилство од оружје отколку од Ковид, изјави Куомо на прес-конференција.
Новата стратегија ќе го третира насилството со огнено оружје како јавна здравствена криза.
Ќе се применуваат краткорочни решенија со цел без одлагање да се реши сегашната криза и да се намали бројот на огнено оружје, но и долгорочни решенија што ќе се базираат на работа со локалните заедници и превенција.
Куомо најави и формирање Канцеларија за спречување вооружено насилство, како и поголема транспарентност во пристапот до полициските информации за локалните заедници полесно да утврдат кои урбани области и зони се во фокусот на насилството со огнено оружје.