Купуваат и изнајмуваат лавови само поради селфи

/ 19.11.2018
A lion cub plays with a ball at the Fiela Funds Cheetah Sanctuary and Breeding program camp in Bloemfontein, South Africa on June 25, 2010 as the 2010 World Cup football tournament id being held in South Africa. AFP PHOTO/ Yuri CORTEZ (Photo credit should read YURI CORTEZ/AFP/Getty Images)

Полицијата во Париз случајно пронајде мало лавче во едно „ламбругини“ при една рутинска сообраќајна контрола.

Полицијата го спасила лавчето кое било дел од една нова бизарна мода, луѓето купуваат младенчиња од диви животни само за да се фотографираат со нив.

Лавчето пронајдено во „ламбургинито“ се викало Путин и било помладо од два месеца и би угинало  поради лоша грижа, ако полицијата  не го запрела овој скапоцен автомобил на „Шанзелизе“ пренесува француската НВО за заштита на животните „30 Millions d’Amis”, која сега се грижи за лавчето.

-Стотици млади животни се во овој илегален промет, изјавила претседателката на оваа фондација Реа Утен за АП.

„Може да купите лав за помалку пари отколку што ќе дадете за куче. Лавот чини 300 евра, а обично ги продаваат циркусите. Тоа е вистинска катастрофа. Купуваат млади животно само поради правење на селфи, изјавила Реа. Која вели дека оваа мода стигнала во Франција од земјите од Арапскиот залив.


Од истата категорија