Една девојка од Русија го привлече вниманието кога се појави во метро во Москва со лисица на нејзиното рамо.
На видеото се гледа какотаа  чека возот, додека лисицата седи на нејзиното рамо.

Кога возот пристигна, таа со животното влезе внатре, додека сите чудно ја гледаа.

Многумина се пошегуваа дека е подобро да се носат живи животни на рамо, отколку капути со крзно, други сцената ја искоментираа, „она кога сакаш да носиш крзно, но ги сакаш и животните”.