Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ја поддржува идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово, иако тоа е многу чувствителен проблем.
Курц, кој престојува во Вашингтон, каде вчера се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Австрија позитивно гледа на дијалогот меѓу Белград и Приштина и ќе ја поддржи размената на територии, иако „се работи за тешка тема“.
– Ако двете страни се согласат за ова, Европејците не треба да бидат пречка, како ни Американците, истакна Курц.
Тој побарал од Трамп да се ангажира повеќе во решавањето на проблемите меѓу Косово и Србија, нагласувајќи дека САД имаат големо влијание врз Приштина, кое може да се искористи на позитивен начин.