Грчката анархистичка група Рубикон денеска упадна во компанија, специјализиран рибник.

Од 17 февруари до денеска припадници на Рубикон извршија упади во две амбасади и во три фирми, јави МИА од Атина.

Во неделата упаднаа во канцелариите на француската компанија „Лерој Мерлин“во Атина, поради непочитување на работничките права, ден подоцна на мета беше Швајцарската амбасадата, во знак на солидарност за уапсен анархист во Швајцарија. Во вторникот „интервенираа“ во американската компанија за вработувања, повторно поради работничките права, додека пак вчера упаднаа во Амбасадата на Бразил, против радикално десничарскиот бран.

Грчката полиција, за сега и по петте упади, нема уапсено ниту едно лице, само неколку беа приведени, додека пак еден од лидерите на Рубикон, преку неговиот Фејсбук профил, кусо пред денешната, како што самите велат, „интервенција“, се огласи и рече дека „ова е само почеток“.