Австрискиот канцелар Себастијан Курц бара пофлексибилен пристап за решавање на противењата воЕУ за миграција, јави ДПА.
– Наместо да продолжат сегашните обврзувачки квоти за распределба на мигрантите во целата ЕУ, земјите-членки треба да усвојат пристап на солидарност со партнерите во Унијата. Тоа значи дека секоја земја треба да даде свој придонес таму каде што може и каде има смисла, истакна Курц на Самитот во Брисел.
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани изрази поддршка за сличен пристап: на пример земјите-членки кои не сакаат да учествуваат во распределбата на мигрантите да можат да плаќаат за напорите на ЕУ да ги контролира изворите на миграција надвор од Унијата.
– Ако платите, можно е: без бегалци, но повеќе пари. Тоа треба да се договориме…јас сум флексибилен за ова, бидејќи никој не е совршен, рече Тајани.
Австрија, која е ротирачки претседател на ЕУ, сака да биде постигне напредок во однос на миграцијата до крајот на нејзиниот мандат.