Шефот на пакистанската дипломатија, Шах Махмуд Куреши, денеска изјави дека мирот во Авганистан е во интерес на Пакистан.

Тој кажа дека е загрижен од зголеменото насилство во соседната земја, изразувајќи страв дека натамошното насилство може да предизвика егзодус на Авганистанците во Пакистан.

Во Пакистан веќе има милиони бегалци од Авганистан и, наведе тој, земјата веќе нема капацитет да прими повеќе луѓе.

Куреши, исто така, изрази надеж дека ќе се постигне договор меѓу владата и талибанците, а Пакистан ќе продолжи со дипломатските напори за постигнување мир.