Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) синоќа пронајде гробница на Матка, дознава КУРИР.

Според првичните неофицијални информации, гробницата е пронајдена после полициската станица на патот кој води кон Козјак.

Засега има откриено едно тело во дупката, по што според нашите информации во секој момент на местото треба да пристигне и јавен обвинител, пред да се продолжи со копање.

Засега нема информации чие е безживотното тело. Очекуваме повеќе информации во текот на денот.

КУРИР дојде до ексклузивни фотографии од местото каде е пронајдена гробницата.