Голманот на Белгија, Тибо Куртоа го призна поразот од Италија во четвртфиналето на Евро 2020.
– Тоа е силен удар за нас. Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок. Имавме две шанси, но противничкиот голман направи добри одбрани. Исто така, според мене, премногу лесно ни го дадоа првиот гол. Можеше да се случи поинаку, но како и да е, Италија заслужи да победи, рече Куртоа.
Белгија не успеа да се пласира во полуфиналето на Европското првенство цели четири децении. Последен пат во големата четворка на едно ЕП влезе во 1980 година. Тогаш стигна до финалето кое го загуби од Германија со 2:1.