Се што можеме да внесеме во нашиот организам можеме да го мачкаме и на кожата.
Една од најдобрите намирници кои можете да ги нанесувате на вашата кожа е куркумата која има противвоспалително, антибактерсико и антиоксидативно дејство, која ги ублажува акните и го спречува прераното стареење. Таа ги ублажува лузните од акни и депигментацијата.
Се што треба да направите за да ја исчистите вашата кожа од акни и да ја подмладите е следново:
Најпрво исчистете го вашето лице од нечистотиите, исперете го со вода, а потоа нанесете неколку капки јогурт, и благо со кружни движења нанесете го на лицето, оставете да постои 1 минута и исплакнете со вода.
Потоа во една чинија со топла вода ставете една лажичка куркума и доближете ја главата до чинијата и покријте ја со пешкир и така инхалирајте се 5 минути, тоа е потребно да да можат да ви се отворат порите на лицето , за да маската навлезе подобро.
Подгответе ја маската со пола лажичка куркума во прав, една лажичка брашно и една лажичка јогурт и една лажича мед. Измешајте добро и нанесете на лицето избегнувајќи го делот околу очите.
Оставете да постои 10-15 минути , а потоа исперете со млака вода.
Најдобро е ваквата маска да ја нанесувате пред спиење.