Лошиот рејтинг на СДС од 4,9% и 3,6% на Филипче поради новиот ПР шеф на СДС Зоран Башановиќ, не го допира Филипче, бидејќи тој живее во свој паралелен универзум, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Филипче со месеци ги лажеа граѓаните дека новите анкети ќе покажат пад на довербата на граѓаните кон ВМРО-ДПМНЕ, а таа доверба кон СДС ќе се зголемела. И ова секојдневно го повторуваа со месеци на прес-конференции.

Но, со последната анкета која излезе во јавноста, повеќе од јасно е дека СДС на следните избори ќе се соочи со многу лош резултат, односно не би не изненадило доколку освојат помалку од 100.000 гласови“, потенцира во изјавата Манасиевски.

На Бихаќка никако да им дојде памет дека треба да ги променат политиките и да ги променат новите ПР шефови Башановиќ и Шчекиќ, луѓе кои поради насока на Заев се таму и го уништуваат СДС. Венко Филипче поради послушност кон Зоран Заев, ова и го дозволува, додаде Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека Филипче е се уште послушник кон Заев и неговите луѓе се дел од таканаречените нови структури на СДС, е поставувањето на Стојан Коциров за директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која важи за блиска фирма на семејството Заеви, односно Вице Заев до пред само некоја година ја водеше оваа фирма.

Се додека Венко Филипче го води СДС, а партијата и натаму не се оградува од Заев, СДС нема да може да се реформира и ќе продолжи да тоне“, изјави Манасиевски.

ВМРО-ДПМНЕ останува партија со најголема доверба кај граѓаните со 24%. Продолжуваме со исто темпо на работа, нови проекти и успешни мерки за граѓаните, дециден е во изјавата Манасиевски на денешната прес конференција.