Српскиот режисер и музичар Емир Кустурица му посвети песна на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, како главен идеен организатор на Ерменските меѓународни игри во близина на Москва, а ја отпеа на завршната церемонија на спортскиот настан.
– Многу пати во животот сум видел како луѓето стрелаат и убиваат луѓе. Благодарение на мојот пријател Сергеј Кужугетович Шојгу беше организирана олимпијада, каде се стрела, но не се убива. Песната „Команданте“ е посветена на мојот пријател Сергеј Шојгу , изјави Кустурица на руски јазик.
Песната беше исполнета во придружба на No Smoking Orchestra.
Ерменските меѓународни игри започнаа на 28 јули. Во 28 натпреварувања, вклучени во програмата, учествуваа 189 екипи од 32 држави.