Тригодишната Офелија Морган – Деу во Велика Британија е прогласена за најпаметно дете. Нејзиниот IQ е 171., додека генијалецот Алберт Акнштајн имал 160.

Малата Офелија првиот збор го изговорила на осум месеци, а брзо ги совладала и броевите, бои и азбука.

Нејзината мајка Натали сфатила дека има паметно дете и ја однела кај експерти кои потврдиле дека девојчето е натпросечно.
Девојчето има сеќавања за настани пред првата година од животот, додека повеќето возрасни не се сеќаваат на нешто што се случило пред да бидат на возраст од три години, пишува Дејли Мејл.

-Сака со мене и тато да чита книги и да работи со бројки и букви на компјутер. Таа е многу активна, секогаш прави нешто и е темпераментна. Таа сака да си игра со роднините и да оди во парк. Таа е убава девојка и јас ќе бидам горда на неа, без оглед на нејзините достигнувања сé додека таа е здрава и среќна, вели мајка и.

Тригодишното девојче, благодарение на високиот коефициент на интелгенција, стана најмладиот член на МЕНСА.

-Многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, се срамат да ги слават интелектуалните достигнувања на своите децата. Како да постои стигма за тоа. Сфатив дека нема разлика меѓу родителите кои го слават спортскиот медал на своите деца, и дека Офелија заслужува да биде пофалена за тоа што е паметна, вели Натали.

Офелија се наоѓа во врвот од 0,03 проценти од населението во однос на интелектуалните способности. Таа постигнала подобар резултат од 11.годишниот Арнав Шарма (162) и 12.годишниот Раул Дошија (162), кои досега ја носеле титулата на најпаметни деца во Велика Британија.