Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, кој е на позајмица за Баерн, сака да остане во клубот од Минхен.

Баварците го изнајмија 27-годишниот Бразилец од Барселона минатото лето. Баерн има опција да го откупи договорот на фудбалерот за 120 милиони евра.

– Се чувствувам многу пријатно тука. Планирам да останам овде најмалку една година. Фокусиран сум на мојот престој овде. Ако се оди добро, би сакал да останам во Баерн, изјави Кутињо.

Оваа сезона Бразилецот има одиграно 18 натпревари, постигнато три гола и пет асистенции.