Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција што ја пренесуваме интегрално.

Оваа „бомба на Филипче“ неколку пати беше демантирана од ВМРО-ДПМНЕ, како и од Амбасадата на Велика Британија во Македонија, но… Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на „новите бомби на СДСМ“, како продолжение на некогашните на Зоран Заев кога ја кажуваше „вистината за Македонија“ и се случи тоа на што денес сите сме сведоци:

Народот е вознемирен. И со право. Криминална власт заробена во корупција која секој ден ги лаже граѓаните се договара зад грбот на народот за штетни договори. Ова сериозна национална и државна тема, врзана пред се со безбедноста, стабилност и иднина на државата.

Ова ли е големата економска вест која Мицковски ја најавуваше со наводниот договор со Обединетотот Кралство? Дали за носење мигранти од Британија е направена проценка на безбедносна. Дали се предвидени ризиците и најважното дали имаме одговор на прашањето – Зошто Британија ги одбила, а ние би ги примиле ?

Европската статистика е брутална! Дали Мaкедонија и граѓаните од демографски аспект се спремни да кажат добредојде на мигранти, дали не се следи трендот кој постои во повеќе европски земји каде што за жал поради лошо спроведени политики наместо интеграција на мигранти се случива зголемување на криминал, немирите, насилствата.

Развиени и финансиски силни европски држави Шведска, Британија, Германија, имаат огромен проблем да се справат со овој предизвик, нивните граѓани протестираат секојдневно за овие проблеми.

Британија има прва проблем со мигрантите кој трае предолго.

Ако овие високо развиени земји не можат да се справат со проблемот нема да може ниту Македонија.

Ова општество НЕ МОЖЕ да го издржи ова. Нема цена што треба да се плати!

Проблемот на луѓето што бегаат од војни и сиромаштија Македонија за жал, не може да го реши.

На британските национални телевизии, аналитичарите веќе ја споменуваат Македонија како држава која може трајно да прими дел од мигрантите.

Мицкоски и ДПМНЕ со нивните политики ги бркаат младите Македонци од државата а сега планира да носи мигранти од трети земји.

Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти? Никој!

СДСМ со целиот свој капацитет ќе се спротивстави на овие анти државни политики на Мицкоски и ДПМНЕ.

Ги повикуваме граѓаните заедно да се противставиме, за Македонија се работи!

Не за антимакедонските политики на ДПМНЕ во Македонија!

Фото: СДСМ