Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот Панче Тошковски, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, од која интегрално го објавуваме целиот текст:
Целосна партизација на полицијата преку рушење на кариерниот систем.
Никола Груевски и Сашо Мијлков се мали деца за тоа што Тошковски сака да го направи со безбедниот систем.
Со предложениот Закон за полиција, Тошковски има намера да спроведе целосна партизација на полицијата. Ова ќе се направи преку рушење на кариерниот и професионалниот систем на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Министерот Тошковски бесрамно ги намалува сите критериуми и стандарди за вработените во полицијата, со намера да воспостави систем за окупација на МВР преку партиски послушници. За професионалците повеќе нема да има место во МВР.
Скандалозни измени со далекусежни последици.
Проследете внимателно клучните точки кои ја загрозуваат безбедноста и професионалноста:
1. Намалување на критериумите за образование и искуство:
Безочно се симнуваат критериумите за потребното образование и се намалува бараното искуство за највисоките оперативни позиции во МВР. Со ова ќе може да се инсталираат исклучиво партиски лојалисти, без адекватно образование и кредибилно искуство. Доколку ова се случи, безбедноста на граѓаните е сериозно доведена во прашање. Наместо Тошковски да биде чувар на редот, тој злонамерно го руши безбедносниот систем, окупирајќи клучна институција на државниот суверенитет.
2. Бришење на условите за раководни функции:
Тошковски ги брише условите за минимум 6 години искуство и 4 години раководна функција за началници на СВР. Своеволно да поставува било кого на овие клучни позиции. Додека полицајци со децении ризикуваат животи, работат прекувремено и се доусовршуваат, новите „шефови“ ќе влегуваат на задна врата за партиски да го окупираат МВР, претворајќи го во партиска милиција или приватна пара-полиција.
3. Укинување на Регионалните центри за гранични работи:
Панче Тошковски предлага укинување и на Регионалните центри за гранични работи, што е директен удар по суверенитетот и безбедноста на границите. Наместо да ја јакне граничната контрола, Тошковски ја урива. Дали ова е подготовка за прием на мигранти?
4. Бришење податоци од полициски евиденции:
Замислете, Тошковски сака да брише податоци од полициските евиденции, наместо тие трајно да останат архивирани. Ова е дрска правна заврзлама која има за цел да ги скрие сите траги од злоупотреби и криминал.
5. Подигање на старосната граница за вработување:
Панче Тошковски ја подига старосната граница за вработување во полицијата на 30 години. Со ова се елиминираат младите професионалци и се отвора простор за вдомување на партиски кадри кои не ги исполнуваат критериумите.
6. Најскандалозно: Бришење на член 19 – амнестија за осудени лица:
Најскандалозен е предлогот за бришење на член 19, со кој Тошковски сака да овозможи во полицијата да останат лица кои се осудени и кои имаат забрани за работа, а притоа да бидат амнестирани од одговорност по одлука на министерот. Министерот Панче Тошковски има расипана намера своеволно да ги амнестира сите прекршители на внатрешните правила и процедури. Наместо да ги штити граѓаните, Панче се ставил во функција на легализација на беззаконието и заштита на криминалот.
Од друга страна со предложените измени му се овозможува на Тошковски секој што и на криво ќе го погледне да биде лишен од слобода.
Дали Панче Тошковски со овој Закон станува главен партиски мафијаш?
Почитувани,
Ова не се случајни измени. Ова е опасен план за рушење на безбедносниот систем и суверенитетот на државата, и претворање на полицијата во партиска парамилиција на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе служи за политички прогон и заштита на криминалот.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ако го поддржат овој Закон исто како за времето на Груевски ќе бидат уценувани, ќе бидат таргет и ќе бидат жртви на Тошковски.
СДСМ остро се спротивставува на овој атак врз професионализмот во полицијата и врз безбедноста на државата. Бараме веднаш и итно да се повлечат сите спорни измени.
Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, а не услужна дејност на партиската мафија!
Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Нема 2.500 денари покачување, пензионерите се грубо измамени од ВМРО ДПМНЕ
Со последната најава за линеарно покачување на пензиите за само 1.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето лицемерие и длабокото потценување на пензионерите.
ДПМНЕ велеа дека на пензионерите со методологијата им се дадени бедни 5% а ова е помалку од 5%.
Пензионерите се грубо измамени – ветеното покачување од 2.500 денари се претвори во симболични 1.000 денари. Дали егзистенцијата на нашите највозрасни сограѓани треба да се третира со ваков понижен однос? Секако не.
Одговорот пред пензионерите мора да го даде ВМРО-ДПМНЕ – зошто ветуваа едно, а испорачуваат понижувачко ништо?
ВМРО-ДПМНЕ јасно демонстрира дека нема вистинска грижа за пензионерите. Трошоците за живот во изминатитата година се зголемија за над 6.000 денари. Наместо одржливо и праведно унапредување на пензискиот стандард со постојано зголемување на пензиите гледаме ad hoc, популистишки и штетни за пензиоенрите решенија кои се диктирани само од дневна политичка потреба на власта.
Дополнително, со вакви хаотични потези, без економска основа и без почитување на пензискиот модел што обезбедува стабилност, власта директно го загрозува пензискиот систем на долг рок. Ова е опасно и неодговорно!
СДСМ укажува – не се решаваат проблемите со поткуп, туку со системски пристап.
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ