Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува. Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на пoртпаролката Богданка Кузеска, што го пренесуваме интегрално.

Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство.

Во исто време платите стагнираат, власта упорно одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра, одбива да ги прифати предлозите за покачување на платите во останатите сектори.

Двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат месечните трошоци. За да се покрие синдикалната кошница потребни се 2,7 минимални плати.

Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот.

Европската статистика покажува дека дури 55% од македонските граѓани не можат да си дозволат одмор. Тоа е уште еден доказ за поразителниот стандард во кој живеат граѓаните на државата.

Стотици илјади граѓани бројат денови до следната плата, не знаат дали ќе им стигнат пари за сметки и за храна, родители од месец во месец пресметуваат што да скратат за да преживеат.

Младите наместо да планираат иднина дома, се повеќе сакаат да се иселат од државата.

Куповната моќ на граѓаните за една година е намалена за над 20%, на последно место во Европа сме по куповна моќ, a Македонија е на листата на најсиромашни земји.

Ова се резултатите  од промашените економски политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година. Народот врзвува крај со крај а власта се луксузира со манго, папаја, луксузни патувања со приватни авиони.

Граѓаните заслужуваат подобро од криминална влада која ги остава сами да се борат со сиромаштијата и со енормните сметки. Потребни се итни мерки за раст на платите, намалување на трошоците за живот и вистинска грижа за стандардот на граѓаните.

Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

Над 11.000 фирми не исплатиле плати,  причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството е алармантна, драстично е намалена ликвидноста во стопанството, фирмите едноставно немаат средства за исплата на плати и обврски а  владата не им испорачува навремени средства, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на пратеничката Богданка Кузеска што МИА го пренесува интегрално.

Неисплатените обврски од страна на државата се огромни, за поврат на ДДВ и други договорни обврски достигнаа околу 900 милиони евра.

Унгарските пари се уште не стигнаа, ветените средства кои требаше да ја возобноват ликвидноста ги нема. Банките не го поддржуваат стопанството затоа што ја кредитираат државата, нема дополнителна поддршка од финансискиот сектор.

Власта нема јасни цели за развој на економијата – отсуствуваат стратегија и визија, што доведува до „разурната економија“ која се распаѓа пред очите на граѓаните и на фирмите.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=oUBqHunegck

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка