Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот. Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата  во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти. Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција, се вели во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска, што го пренесуваме интегрално.

Контра протести, контра Резолуција, лажни вести, закани со кривични пријави, исто како во време на Никола Груевски.
Со контра Резолуцијата ДПМНЕ–ЗНАМ го потврди она што СДСМ со денови го говори: постои договор „мигранти за пари“.

Државата е во тешка финансиска состојба, дупката моментално е 1 милијарда евра. Трезорот се затвора пред време, доцнат исплати за породилно, социјална помош, на ДДВ, нема пари за плати и пензии.

Но, парите не и требаат на власта за граѓаните, туку за пумпање пари преку наместени тендери и бизниси.

Сите ги видовме криминалните шеми, 161 тендер, 14,5 милиони евра само кај две фирми.

Затоа договараат мигранти за пари и скапи кредити што утре ќе ги враќаат младите и идните генерации.

Затоа во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари.
Има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како „економски работници“ или „нелегални мигранти“.

Ова е национално предавство. Владата на Христијан Мицкоски ја распродава иднината на Македонија.

Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ.

Крај на на предавството на Македонија.

Крај на корупцијата и криминалот.

Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните.

Крај на катастрофалните економски политики.

Крај на изолацијата!

Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат!

Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!

„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ – ЗНАМ го потврдија она што СДСМ со денови го говори: постои договор мигранти за пари“, посочи Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Таа потенцираше дека ДПМНЕ и ЗНАМ одбегнаа да ја потпишат Резолуцијата на СДСМ, во која експлицитно стои дека нема да се дозволи носење мигранти, и наместо тоа поднесоа контра Резолуција во која нема ниту една јасна одредба што го забранува тоа.

„Затоа во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како ‘економски работници’ или ‘нелегални мигранти’, појасни Кузеска.

Крај на мигранти во Македонија може да има само со потпишување на Резолуцијата предложена од СДСМ и со јасна и недвосмислена забрана за каков било договор „мигранти за пари“.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ