Пред неколку минути во скопје, во салата Борист Трајковски, заврши натпреаврот во ракомет, квалификации за ЕП, меѓу Македонија и светскиот шампиом од последното првенство – Данска.
На општо изненадување, нашата репрезентација супериорно ја победи Данска со 33:29.
Иако четирите голови разлика не ја покажуваат супериорноста, треба да се напомене дека во последните десет минути влеговме со шест голови предност, дека нашата репрезентација предводена од селекторот Лазаров, кој исто така и играше, заедно со Миркуловски, водеше и на полувремето и дека Данците во ниту еден момент не беа блиску до тоа да изедначат или победат. Во еден момент од второт полувреме дури имавме предност од неверојатни осум голови разлика 25-17.
Ова е наша трета победа од три натпревари во групата, откако претходно ги победивме Швајцарија и Финска. Со оваа победа, големи се шансите дека ние веќе го обезедивме учеството на ЕП, што е најважно, без инфериорност во група каде апсолутен фаворит е Данска.
Останува да играме уште три натпревари. Дома со Швајцарија, која ја победивме во гости и на гостување со аутсајдерот Финска и со Данска.