Македонската женска фудбалска репрезентација ја забележа втората победа во Мундијалските квалификации. Попладнево во Скопје совладана е Летонија со 3:2. Ова беше натпревар од 9. коло од Д-групата.
Стрелци на головите за македонската репрезентација беа Наташа Андонова во 13. минута и 17. минута од пенал, и Гентјана Рочи во 72. минута.
Гостинките погодија преку Анастасија Рочане во 5. и Олга Шевцова во 79. минута.
Македонките по девет натпревари во Д-групата имаат шест бода и се претпоследни (5.место), последни се Литванките со три бода.
Лидер на табелата е Англија со осум победи од осум натпревари.