На граничниот премин Богородица утрово времето на чекање за излез од државата изнесува околу 20-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од АМСМ известуваат дека по настанатите поплави на 14-ти овој месец, во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.