Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, во интервју за КУРИР зборува за бруталната бетонизација која се случува на општината.

Центар е рекордер по број на издадени дозволи за градби.

Тој го обвини актуелниот градоначалник на Центар и кандидат за уште еден мандат, Горан Герасимовски, за потенцијални заеднички бизнис интереси со поранешниот премиер Зоран Заев и актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче. Таа изјава наиде на бурни реакции, па побаравме детално образложение.

-Во Центар се случува брутална бетонизација. Гледаме дека последното упориште на СДСМ остана општина Центар. Моето прашање беше колку бизниси Зоран Заев заедно со Горан Герасимовски имаат во Центар и дали Герасимовски има заеднички бизнис со нив во Дубаи. Не можете толку брутално да влезете во градба на штета на граѓаните и да не се грижите за јавниот интерес. Јавниот интерес треба да ние број еден. На големо се зборува дека има бизнис интереси тука, заедно со одредени струмички бизнисмени блиски до семејството Заеви. Неколку пати сакав да го прашам Герасимовски на некоја од нашите дебати, но за жал тој ниту еднаш не дојде, рече Лабудовиќ.

Лабудовиќ посочува дека станува збор за лични интереси кај Герасимовски затоа што тој после првиот круг се однесува како да се оградува од СДСМ.

Целото интервју со него погледнете го во видеото во продолжение: