Најниска температура од минус шест степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 3 степени Целзиусови во Велес и Виница.

УХМР информира дека -5 степени Целзиусови се измерени во Битола, -3 во Струмица, -2 во Демир Капија и Тетово, -1 во Скопје-Петровец, Маврови Анови и Штип, 0 во Прилеп и Попова Шапка, 1 во Крива Паланка, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид, и  2 во Претор, Охрид и Крушево.

Во текот на ноќта и изутринава од север и исток се прошири умерена променлива облачност, а утринава поголема облачност има од централните кон западните делови од земјата. На некои места дува слаб претежно северозападен ветер.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Според УХМР, следува период на променливо облачно и постудено време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на слаб снег.