Дарко ЈАНЕВСКИ
Швеѓаните применувата свој модел на справување со епидемијата. Нивна држава, нивен избор. Но, тоа што се шири низ Европа, а последните денови и кај нас е дека моделот им бил успешен, па ете, согласно тоа, и ние треба да се однесуваме на сличен начин.
Но податоците за Шведска и не се баш така добри. Земјата има 156 починати лица на еден милион жители од случаи поврзани со Ковид 19, а на пример, САД кои се на прво место во светот во апсолутни бројки по заразени и починати (767 379 заразени и 40 750 починати), имаат 126 смртни случаи на еден милион жители. Инаку, Шведска има речиси 15 000 заразени, 1460 заразени на еден милион, над 12 000 активни случаи, 40 мртви во псоледните 24 часа, 520 критични случаи, а само 550 пациенти кои оздравеле.
Наспроти тоа, сите источно европски земји, како Унгарија, Полска итн, имаат пет и помалку пати заразени и починати од Шведска. Како тогаш шведскоот модел е успешен, не е сосема јасно, но јасно е дека Шведска жртуваше одреден број свои граѓани за да не го затвори општеството.
Колку е тоа економски оправдано? Да го направеше тоа една Македонија, можеби и ќе се разбере. Слаба економија не може да издржи затворање, па жртвувате одредена популација за бенефит на другите. Еве на приемр, за бенефит на наследниците комунистичките директори. Но Шведска е богата. Можеше да запре цела држава и тоа немаше да влијаше кој знае колку на нивниот стандард. Зошто Шведска која нема сериозни економски причини го направи тоа што го направи? Веројатно никогаш нема да се знае, псоебно то и нивниот премир пред неколку ден драматично истакна дека можат да очекуваат мртви со илјадници.
Втората причина за постапката ан Шведска би била создавање на масовен имунитет. Тезата не е сосема издржана, бидејќи, на пример, Хрватите пресметаат дека за такво нешто, во нивната држава со четири милиони жители би им требале 64 години. Шведска има 10 милиони жители, па ете, дури и да најде начин да го забрза прененесувањето на вирусот меѓу луѓето и да успее да го преполови времето потребно на Хрватска, ќе и бидат потребни 30 години.
А, никој, ама баш никој не може да гарантира дека до есен вирусот нема да мутира, па вашиот имунитет нема да го препознае и пак сте без заштита, како што никој не може да гарантитра дека вирусот нема да го снема, па да се појави за некоја година, како што исчезнааа САРС и МЕРС, а сега се јави нов облик на корона кој го именуваме како Ковид 19.
И трето, никој во овој момент не знае колу време антителата опстојуваат во организмот. Дали ги снемува за месец-два или траат подолго, па ќе ве штитат и на есен. А, ако траат подолго, колку време е тоа – до есента 2021 година, до пролетта 2022 гоидна? Што после тоа со масовниот имунитет?
Од друга страна, не се покажа како успешен ни методот на затворање на државите. Но, погледајте во кои земји тој не е успешен: Италија, Франција, Велика Британија итн. т.е. земји кои не ја сфатија сериозноста на епидемијата. Намерно или ненамерно, не е битно за овие редови. Кј Британците отпочеток беше намерно, бидејќи самиот Џонсон велеше дека подоцна ќе ни умрат повеќе луѓе од други болести како последица на затворањето, отколку сега од самата корона.
Но, како и да е, тие кои заканата ја сфатија сериозно, како источните змеји, имаат релативно мал број заразени и смртни случаи. Земете ја за пример една Бугарија, која има само шест смртни случаи на еден милион, а во која поред неколку дена, ја зтаворија Софија затоа што во еден ден имаа 40 заразени. Кај нас, кога имаме 40 заразени дневно, си го тетовираме Филипче на чело, а кумановац ни држи говори во неговиот роден град за социјална дистанца на само еден метар од заразениот градоначалник, и ние му ракоплескаме.
Или, земете ги за пример Грција, Унгарија, Словачка итн. иако, рака на срце, ниту една од овие змеји не беше на првата линија на удар на вирусот. Но, ова последново и не е некој аргумент, бидејќи личи како да зборуваме за мигранти кои свесно одат кон запад, а бегаат од источно-европските земи. А вирусот не мигрант, нели?
Се разбира, држи тезата на политичарите како Џонсон и на низа епидемиолози дека е можно, ако ја затворите земјата, подоцна, повеќе луѓе да ви умрат од срцеви заболување, мозочни удари, како што е можно повеќе луѓе да умрат и од други болести чија основна причина е економската криза. На пример, во годините по ТАТ, проценки се дека кај нас само како последица на изгубените пари, околу 100 луѓе извршија самоубиство. А, од вирсуот досега имаме 54 починати лица. Колкави се последиците на во мртви на кризата во која сегашниве олигарски благодарение на Бранко и неговата криминална банда ги украдоа фабриките, за колку е намален животниот век во Македонија, веројано никогаш нема да имаме прецизни бројки.
Но, тоа беше логиката и на Борис Џонсон од почетокот, па за кратко, ја промени стратегијата.
Така што, доаѓаме до тоа дека и двата модели се лоши. Значи, проблемот е што во овој момент, всушност не фунционира ниту едниот ниту другиот модел. Како функционира, односно нефукционира нашиот модел, кој се состои во тоа да ги собереш сите пензионери во два часа на едно место, при што половина се без маски, а потоа да им велиш дека треба да седат дома до Нова Година (ова само како една од нелогичностите), во кој клучен елемнт беше пи-арот на Владата и на Филипче, е посебна приказна на која би се смееле дури и демирхисарските пациенти.
Но, надвор од нашите граници, не функционира ниту еден од двата модели, бидејќи ниту еден не ги штити хронично болните и старите лица. Тие не смеат да се заразат. Ниту кај отворениот, ниту кај затворениот модел, а во 90 отсто случаи токму тие се жртвите. Се разбира, плитката логика тогаш вели дека е подобро, ако не функционира ниту еден од моделите, да се држите до отворениот, нели? Но, разликата е во тоа што кај затворениот модел за борба против вирусот, имате земји кои доживуваат катастрофа како Италија, Франција, Шпанија итн… но имате и земји кои се справуваат релативно добро, како источните земји, па и повеќето балкански, освен Македонија и Србија. Кај отворениот модел, нема ниту една земја која поминува добро. Така што, ако веќе барате разлика, разлика има.