Нов доказ дека во рамки на популистичката шема која опозициската СДСМ ја нарече „Вистината за Кочани“, партијата се користи со груби манипулации и невистини. По барање на став за порталот Курир околу изнесените тврдења на СДСМ, Анита Салтировска, овластен сметководител и вешто лице од областа на економијата, сопственик на „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ остро и аргументирано ги побива тврдењата изнесени на последната прес-конференција на СДСМ, во која се манипулира со нејзина поврзаност со фирмите кои управувале со дискотеката „Пулс“. Таа децидно демантира каков и да е контакт со овие правни субјекти како и со физичките лица сопственици или управители на истите, најавува и тужба доколку нема демант на истото и донација во хуманитарни цели за семејствата на починатите и повредените во трагичниот пожар во Кочани.
„Ниту јас лично,ниту пак како сопственик и управител на САЛТИРОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ ниту пак член на мојата фамилија имале ниту имаат било каква правна поврзаност со компаниите „Класик“ ДООЕЛ и „ММММ“ Дооел кои управувале со дискотеката „Пулс“ и демантирам каков и да било контакт со овие правни субјекти како и со физичките лица сопственици или управители на истите.
Ниту со транши од сопственикот Дејан Јованов ниту пак со транши од други правни и физички лица на мене и на „САЛТИРОВСКИ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ не се исплаќани никакви паушали од наведените компании, ниту пак од било кои други компании што се потврдува со сметководсвената евиденција и банкарските трансакции извршени кон и од мојата фирма и мене лично во кој и да било период“, се вели во демантот на Салтировска кој ќе го објавиме и интегрално во рамки на текстот.
Воедно, таа потенцира дека ниту еден денар незаконски стекнат не завршил во финансирање на кампањи, како и дека нејзинатазаработувачка е чесна и достојна а заработените средства ги донира на транспарентен начин.
Салтировска се сложува со фактот дека Македонија нема никаква надеж за неселективна правда каде што со јавни манипулативни прашања се замајува јавноста и ге охрабрува овие прашања и тврдења да ги достават до одговорните институции со цел да постапат по наведеното, а таа и нејзиното семејство стојат на располагање за било какви информации и доколку се потврди макар и една од овие невистини поврзани со Дискотеката Пулс, спремна е морално и правно да одоговара како пред институциите така и пред народот.
„Се сложуваме со фактот дека Македонија нема никаква надеж за неселективна правда каде што со јавни манипулативни прашања се замајува јавноста и ве охрабрувам овие прашања и тврдења да ги доставите до одговорните институции со цел да постапат по наведеното, а јас и мојата фамилија стоиме на располагање за било какви информации и доколку се потврди макар и една од овие невистини поврзани со мене и мојата фамилија и Дискотеката Пулс, спремни сме морално и правно да одоговараме како пред институциите така и пред народот.
Исто така во име на неселктивната правда јавно ве прашувам каде живеевте вие предходните 10 години и со што придонесовте оваа нелегална дискотека да не се случи, дали и вие земавте дел од колачите што разни Дековци ги делеа овозможувајки на многу правни лица нелегален начин на работа?Дали очекувате лице кое 4 месеци било на функција временски да може да постапи по сите нелегални работи кои се вршеле со години наназад?
Нечовечки е да се служите со оваа преголема загуба за дефокусирање на јавноста преку овие невистини бидејки како што кажавте „вистината е како шило врти, врти и на крај ке излезе“ да имаме трпение да ја дочекаме“, посочува Салтировска во демантот за КУРИР.
Истовремено, таа инсистира на демант од СДСМ за изнесените клевети и невистини, а доколку не го добие, најавува тужба за за утврдување на одговорност и надоместување на штета за клевета, со порака дека евентуалниот финансиски надоместок ќе го донира во хумани цели за семејствата на починатите и за повредените во трагичниот пожар во Кочани.
Во продолжение го пренесуваме интегрално демантот на Анита Салтировска, овластен сметководител и вешто лице од областа на економијата, сопственик на „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ.
„Почитувани СДСМ,
По однос на вашата објава во која што јавно поставувате прашања адресирани до ВМРО ДПМНЕ а јас како инволвирана во случајот и како член и подржувач на политиките на ВМРО еве јавно сакам да ви одоговорам на прашањата кои што ги поставувате а се однесуваат на мене и на компанијата САЛТИРОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ
Ниту јас лично,ниту пак како сопственик и управител на САЛТИРОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ ниту пак член на мојата фамилија имале ниту имаат било каква правна поврзаност со компаниите „Класик“ ДООЕЛ и „ММММ“ Дооел кои управувале со дискотеката „Пулс и демантирам каков и да било контакт со овие правни субјекти како и со физичките лица сопственици или управители на истите.
Ниту со транши од Деко ниту пак со транши од други правни и физички лица на мене и на САЛТИРОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ не се исплаќани никакви паушали од наведените компании ниту пак од било кои други компании што се потврдува со сметководсвената евиденција и банкарските трансакции извршени кон и од мојата фирма и мене лично во кој и да било период .
Нај остро демантирам дека јас или САЛТИРОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ има било каква поврзаност со скандалот „Делчевски ниви“ и истиот случај „ магично исчезна“ од судските процеси бидејки според надлежните органи постапката е прекината и истрагата затворена.
Ниту еден денар незаконски стекнат не завршил во финансирање на кампањи.Мојата заработувачка е чесна и достојна а заработените средства ги донирам на транспарентен начин.
Се сложувам со фактот дека Македонија нема никаква надеж за неселективна правда каде што со јавни манипулативни прашања се замајува јавноста и ве охрабрувам овие прашања и тврдења да ги доставите до одговорните институции со цел да постапат по наведеното а јас и мојата фамилија стоиме на располагање за било какви информации и доколку се потврди макар и една од овие невистини поврзани со мене и мојата фамилија и Дискотеката Пулс,спремни сме морално и правно да одоговараме како пред институциите така и пред народот.
Исто така во име на неселктивната правда јавно ве прашувам каде живеевте вие предходните 10 години и со што допринесовте оваа нелегална дискотека да не се случи, дали и вие земавте дел од колачите што разни Дековци ги делеа овозможувајки на многу правни лица нелегален начин на работа? Дали очекувате лице кое 4 месеци било на функција временски да може да постапи по сите нелегални работи кои се вршеле со години наназад?
Нечовечки е да се служите со оваа преголема загуба за дефокусирање на јавноста преку овие невистини бидејки како што кажавте „вистината е како шило врти, врти и на крај ке излезе“ да имаме трпение да ја дочекаме.
За нанесената штета врз мојот углед после моите одговори Доколку јавно не ги потврдите или демантирате за истите ке бидам приморана пред надлежен суд да поднесам тужба за утврдување на одговорност и надоместување на штета за клевета, а евентуалниот финансиски надоместок ќе го донирам во хумани цели.
Анита Салтировска,
Овластен сметководител
Вешто лице од областа на економијата
„Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ