Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина денеска по средбата со министерот за внатрешни работи на Финска, Пек Хависта, ги пофали напорите на Хелсинки во контекст на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.
Лајчак на Твитер објави заедничка фотографија со Хависта и порача дека и во иднина смета на поддршката на Финска за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
– Финска има историја на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и е многу заинтересирана за унапредување на напорите на Европската унија. Секогаш е задоволство да се разговара за актуелната ситуација со министерот за надворешни работи на Финска, Хависта. Сметам на континуираните иницијативи на Финска за поддршка на дијалогот, напиша Лајчак на Твитер.