Тренерот на Челзи, Френк Лампард е презадоволен од прикажаното на неговиот тим во вчерашното полуфинале од ФА Купот против Манчестер Јунајтед (3:1).

– Не можам да барам повеќе од играчите. Односот кон натпреварот и нивото на перформанси беа одлични. Кога Манчестер јунајтед ја смени формацијата, бевме уште подобри. Јас сум многу горд на овој настап, изјави Лампард.

Направивме одлична работа во текот на овие неколку дена, а играчите заслужуваат голема почит. Фудбалерите на Челси треба да ја градат својата самодоверба по овој натпревар. Ни претстојат два важни меча, во Премиер лигата за пласман во ЛШ, а потоа и финалето со Арсенал во ФА Купот. Ние сакаме да победиме на овие натпревари, додаде Лампард.