Нови 13 илјади граѓани, од кои 5 илјади деца паднале во сиромаштија лани. Кризата со храна и енергенси го зголеми бројот на лица кои едвај преживуваат. За сиромашно се смета 4 члено домаќинство кои месечно живее со 18.000 денари или дневно со 150 денари по член. Анализата на Фајнанс Тинк покажува дека владините мерки дале резултатат за бројките да бидат помали, но ефектот би бил поголем ако помошта била таргетирана, односно насочена само кон најранливите.
Анализата покажува дека лицата со помалку примања трошат половина од доходот само за храна. На побогатите пак, третина од платата им оди за храна. Поради енормниот пораст на цените на храната и енергенсите има, влошување на финансиската состојба кај цела популација. Но бројките се поголеми кај децата. Затоа од УНИФЕЦ препорачуваат – училиштата да останат отворени, а Владата да размисли за воведување бесплатен училишен оброк. За дел од мерките финансиски ќе помогант и тие.