Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека проблемите на клубот се посериозни отколку што очекуваше.

– Клубот е во полоша состојба отколку што очекував. Знаев дека финансиската состојба не е розова, ама дека е вака…. Ќе објасниме сè, бидејќи во спротивно ќе станеме учесници.

Некои договори ќе треба да бидат разгледани и изменети. Можни се и драстични мерки. Но, сè ќе сториме ако е за доброто на Барселона, изјави Лапорта.

Тој стана претседател на Барселона пред неколку месеци. На крајот на сезоната 2020/21, Каталонците го зазедоа третото место во шпанската Ла Лига.