„Поштовани“ соросоиди што лажно се претставувате под фирма на славниот Хелсиншки комитет кој одамна не постои. Согласно своите стандарди и вредности за лажно претставување на работите и стигматизација на ваши неистомисленици, видено стотици пати досега, и сега сте во истиот фазон, реагира новинарот Драган Павловиќ Латас, по обвинувањата изнесени врз него.

– Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава а замисли се уште не е под ваша контрола, реагира Латас.

Неговата реакција следи на објавата од Хелсиншки комитет на обвинувањата за злоставување на девојка.

– Кој не сака, а бланко верува на овој самонаречен Хелсиншки комитет земал доброволно ризик да заврши со испран мозок, како со нивната шарена револуција која ја предводеа. Да ве потсетам, ова се тие кои поттикнуваат промена на пол, откажување од личен и национален идентитет, бришење на татко и мајка со именување родител еден и два…, вели Латас.

Ако некој силува во Македонија тоа се ваквите комитети, нашмркани притоа или мамурни, не ги оправдува, стои во коментарот на Латас.

По острите реакции одговори Лазаров, кој вели дека погрешно е се сфатено.

Лазаров вели „се дига лажна хајка, Латас во ниту еден момент не кажа дека некоја девојка била СИЛУВАНА“!

– Чувствувам морална одговорност да Ви се обратам на сите по скандалозните обвинувања дека сум подржувач на силување и на малтретирање на жени. Од старт сакам да кажам и потсетам дека од првиот ден зборувам јавно за еднаквост, поддршка и љубов помеѓу мажите и жените и никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Многу од вас можеби слушате и првпат за мене денес па си формирате своја слика на лажни обвинувања. Тие што ме следат постојано точно знаат каков човек сум и за што се залагам!- вели Лазаров.

Во мојот подкаст, додава тој, Латас раскажа ситуација од своите средношколски денови и во ниту еден момент не кажа дека некоја девојка била СИЛУВАНА!

– Жално е што се дига лажна хајка и се оцрнува моето име и се она што го работам изминативе години. Не би сакал да навлагам во детали, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за силување. И јас имам и мајка, сестра, девојка, баба и многу пати пак , ќе повторам , сум зборувал за еднаквост. Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент да уништите некого и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш, вели Лазаров.

Видеото може да го отворите ТУКА.