Латвија најави ново четиринеделно затворање, од 21 октомври до 15 ноември, со цел да се забави ширењето на инфекцијата со коронавирус, во една од најмалку вакцинираните земји во Европската Унија.
„Латвија е број еден во светот според стапката на заразеност“, рече министерот за здравство Даниелс Павлутс пред новинарите по вонредната владина седница вечерва.
Продавниците, рестораните, училиштата и сите видови забава ќе бидат затворени. Само неопходните услуги ќе останат отворени.
Локдаунот ќе се олесни само за вакцинираните.
„Нашиот здравствен систем е во опасност“, рече премиерот Кристијанис Каринс, обвинувајќи ја ниската стапка на вакцинација во земјата.
Латвија вечар имаше 2 337 позитивни и 9 починати од Ковид 19, а завчера 2 797 позитивни и 12 мртви. Оваа ситуација трае подолго време. Вкупно во Латвија се починати 2 880 лица од Ковид 19 што е 2,5 пати помалку од Македонија, но ние досега немавме состојба со близу 3 000 позитивни на ден.
Земјата има 1,8 милиони жители.