Африкански лавови тешки по 280 килограми, нападнаа чувар во Паркот Серенгети во Ходенхаген, северна Германија. По петчасовна операција, човекот е вон животна опасност.
Нападот се случил по кастрирањето на животните. Чуварот бил нападнат, откако сакајќи да ги нахрани, влегол во заградениот простор за лавови.
Колегите успеале да го извлечат на сигурно и со хеликоптер одведат в болница.