Главната цел на глобализацијата, која ја спроведува САД, е да бидат претопени сите култури и народи, по примерот на Америка, а токму тие да раководоат со овој процес, вели министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
Тој ова го истакна во своето гостување во ТВ Раша тудеи говорејќи за „главната цел на САД и администрацијата на Џо Бајден да се врати униполарноста во светската геополитика“.
Лавров потенцира дека Европската Унија, особено Германија, немаат суверенитет и не одлучуваат за сопствената иднина туку тоа го прави САД наместо тие самите.
– Еден од главните трендови во американската политика е желбата која е потенцирана од адмнистрацијата на Бајден да се врати униполарниот свет. Ако сакате можам да кажам дека се обидуваат концептот за претопување на народи и култури од САД да го спроведат во целиот свет. Мислам дека веќе Европската Унија 99 проценти запре да биде независна. Претседателот Макрон повторува дека стратешката определба за него и Европската Унија е независноста, автономијата и сувереноста и дека ќе се бори за тоа, но мојата претпоставка е дека нема да успее. Германија е веќе целосно спремна да биде под целосна американска контрола и состојбата околу Северен тек 2 е одличен показател за германската политика, Американците ги „убедија“ Германците дека Американците знаат подобро што е во интерес на енергетската политика на ЕУ од самите тие, вели Лавров во интервјутои за РТ.