Не се доставени никакви докази за мешање на Русија во прашањето „за промена на името на Македонија“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на 55. Минхенска конференција за безбедност.
– Бевме обвинети дека се мешаме во проблемот со промената на името на Македонија, но не ни доставија никакви докази, нагласи Лавров.
Шефот на руската дипломатија истакна дека односите меѓу Русија и Западот ги имале сите шанси за успех, „но изборот бил направен во корист на натоцентризмот“.