Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров замина за Анталија, Турција, каде утре ќе има средба со својот украински колега Дмитриј Кулеб, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, вчера изјави дека неговата средба со рускиот колега Сергеј Лавров во Турција е закажана за 10 март.
„Ако Лавров пристигне во Анталија на 10 март, и јас ќе одам, ќе седнам и ќе разговарам“, рече Кулеба на прес-конференција.
Претходно, Захарова изјави дека е планирана средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, на која ќе учествува и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на маргините на дипломатски состанок во Анталија.