Русија доброволно ќе излезе од Советот на Европа доколку нејзините непријатели инсистираат на нејзино исфрлање, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Ако сакаат да ја исфрлат Русија од Советот на Европа, нема да им го дозволиме тоа задоволство, истакна Лавров.

Според него, присуството на Русија во Советот на Европа не е толку важно за Русија колку што е за европските држави.

– Тоа е мојот цврст став. Се придруживме на Советот на Европа откако не убедија дека целта е обезбедување заеднички, универзално правен и хуманитарен простор на Европа, истакна Лавров.