Иран го зголеми бројот на своите балистички ракети земја-вода со дострел до 700 километри, соопшти висок ирански воен претставник.

Иран, кој тврди дека неговата ракетна програма е чисто дефанзивна, се закани дека ќе го блокира снабдувањето со нафта преку Ормутскиот Теснец, доколку САД се обидат да го спречат иранскиот извоз на нафта.

– Успеавме да создадеме балистички ракети земја-вода, кои би можеле да го погодат секој брод на далечина од 700 километри, изјави командантот на воздухопловните сили на Корпусот на исламската револуционерна гарда, Амирали Хаџизаде.

Тој додаде дека некои ирански ракети со краток дострел се користени последните две години во Сирија, каде што Иран го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад.

Хаџизаде, исто така, соопшти дека ирански беспилотни летала спровеле 700 напади врз позиции на џихадиситлката група Исламска држава во Сирија.