Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави денеска дека ситуацијата во Ерменија е загрижувачка, и покрај тоа што новото државно раководство вети дека нема судски да ги гони своите политички претходници.
– Настаните во изминатите неколку денови отстапуваат од неодамнешните изјави на ерменското раководство, кое тврдеше дека нема да ги гонат своите претходници од политички причини, рече Лавров.
Тој додаде дека Русија, како ерменски сојузник, отсекогаш била заинтересирана за стабилноста во таа земја.
– Поради тоа, за нас е алармантен новиот развој на ситуацијата, особено во однос на функционирањето на Заедницата на независни држави (ЗНД), каде припаѓа и Ерменија, рече Лавров.