Утринава околу 06 часот на пругата во белградската населба Рипањ се судриле патнички воз и товарна локомотива, пренесуваат српските медиуми. Во несреќата билеповредени 14 лица.

Како што изјавил портпаролот на Брзата помош, Мирко Лутовац, можно е да има и лица со тешки повреди. Тој додал дека сите повредени се префрлени на Воено-медицинската акдемија и се под опсервација. Повеќето од нив се жалеле на болки во стомакот.

На терен се две лекарски и една транспортна екипа. Железничкиот сообраќај е во прекин. Според информациите, несреќата се случила во близина на тунел на пругата.