Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во документарен филм емитуван денеска, рече дека Украинците заслужуваат пријателски однос со своите словенски браќа и дека ќе бидат ослободени од „неонацистичките владетели“.
„Украинскиот народ ќе биде ослободен од неонацистичките владетели. Тие заслужуваат да живеат во добро соседство, пријателство, просперитет, со своите словенски браќа“, рече Лавров во документарецот емитуван на руската државна телевизија „Русија-24“, јави ТАСС.
Тој додаде дека Европа е дел од оживувањето на неонацизмот ширум светот и дека тоа се покажа во украинската криза.
„Претпоставувам дека Европа е дел од оживувањето на неонацизмот. Тешко е да се дојде до поинаков заклучок. Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна праша зошто Украина треба да живее според моделот наметнат од Русија. Сепак, тој не праша зошто живеат Русите во Украина треба да живее според моделот што го наметнаа неонацистите. Тоа се очигледни двојни стандарди. Ова, без срам, излезе од устата на човек кој сака да биде водечки политичар во Европа. Нереално“ – додаде Лавров.
Рускиот министер посочува дека Европа игра во тандем со САД и дека ЕУ речиси и да нема независност бидејќи Вашингтон ја презел контролата врз Брисел.
„Тешко дека имате независни гласови во ЕУ. Макрон понекогаш се обидува да воведе „стратешка автономија“ на ЕУ. Никој нема да им дозволи да создадат никаква автономија, а камоли стратешка“, нагласи Лавров.
Тој рече дека европските лидери ги охрабруваат украинските власти да ги истакнат неонацистичките манифестации. Рече дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг редовно велат дека европските вредности се бранат во Украина, а Володимир Зеленски ги брани „слободата и демократијата“.