За разлика од европските земји, Турција влегува во зима без никакви енергетски проблеми, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Додека европските земји размислуваат како да зимаат поради енергетската криза, ние мирно влегуваме во зима, рече Ердоган, а пренесе ТАС С.

Покрај тоа, тој ја повтори намерата на Анкара да добие пченица од Русија за да ја преработи во брашно и бесплатно да ја испрати во сиромашните земји.

Претседателот на Турција најави и планови за масовно производство на првиот турски борбен авион без пилот „Бајрактар ​​Кизилелма“.