Веднаш откако бугарското обвинителство објави дека спроведува истрага за руска вмешаност во четири експлозии во фабрики за муниција во Бугарија, следеше реакција од Русија.

– Периодот од 2011 до 2020 година, во кој Бугарија обвинува руски граѓани за организирање четири бомбашки напади во фабрики за оружје, создава чувство дека во своите обвинувања Софија одлучила да ја надмине Прага, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес-конференција, како одговор на новинарско прашање од агенцијата ТАСС.

Лавров истакна дека „временска рамка ги опфаќа последните десет години. Се чини дека или бугарската страна не знаеше ништо и дури сега, кога Чешка се потсети на настаните од 2014 година, одлучи да ги надмине Чесите и да погледне многу подлабоко во историската ретроспектива, или, пак, сето ова време тие знаеле што се случува, но од некакви причини не го објавија тоа јавно“.

Претходно денеска, портпаролот на бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев, Сијка Милева истакна на брифинг дека обвинителството споредува четири случаи на експлозии на магацини со муниција во нашата земја, во кои биле забележани сличности.