Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека во текот на телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео постигнал договор да продолжат контактите во Венецуела.
Се договоривме да ги продолжиме контактите, посебно во Венецуела. Не гледам начин на кој би можеле да се комбинираат ставовите – нашиот став од една страна, кој се заснова на Повелбата на ОН и принципите и нормите на меѓународното право и ставовите на САД, од друга страна… бараат легитимните власти да капитулираат и се закануваат со употреба на сила во исто време со репресивни санкции со цел промена на режимот, посочи Лавров.
Тој додаде дека ставовите се неспоиви, но оти Русија е подготвена да разговара.
Претходно Лавров истакна дека Русија ќе ги мобилизира земјите членки на Европска Унија да ја почитуваат Повелбата на Обединети нации за борба против американските планови во Венецуела.
Нашиот став за американските планови за Венецуела ќе биде многу едноставен. Ние ќе мобилизираме група држави, кои како нас, ја почитуваат Повелбата на ОН да се спротивставиме на таквите стремежи, наведе Лавров.