Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утрово се обраќа на тркалезна маса на амбасадори во земјата, јави Скај Њуз.
Тој во својот говор уште еднаш го обвини Западот дека „провоцира немири“ и вели дека санкциите кои имаат за цел „да ја осакатат благосостојбата на Русија“ „нема да успеат“.
– Западот ја уништува глобалната економија со ваквите санкции, додаде тој.
Лавров, исто така, тврди дека САД „продолжуваат да купуваат ураниум и други критично важни материјали“ од Москва.