Доказите дека овие документи се лажни само се нижат. Така, потписите на документот кој првично беше објавен, не кореспондираат со ниту еден од постоечките потписи на наведените лица.
Уште еден доказ за фалсификатот. А ако најдам на нет потписи и од сите други ќе се докаже истото. #УДБАвашаСудба, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Богдан Илиевски.
Треба да се напомене дека во идејата да пласираат лажна вест по секоја цена, СДСМ заборавиле да погледнат на датумот, па така документот кој го пласираат како вистинит, иако е лажен, е создаден на ден кој уште не е дојден.
Така, според оваа објава на СДСМ, анкетите кои се пласираат денес, ќе бидат испланирани да се направат кон крајот на оваа година, кога изборите веќе одамна ќе бидат завршени.
Но тоа не е СЕ. Во лажните документи спомнуваат лице кое воопшто не постои. Станува збор за Ивица Грамбозов. Исто така треба да се напомене дека, со прогрешни презимиња ги запишале Луке Галески и Зоран Ставрески.
Доказите дека овие документи се лажни само се нижат. Така, потписите на документот кој првично беше објавен, не кореспондираат со ниту еден од постоечките потписи на наведените лица.
Од ВМРО-ДПМНЕ најостро и изрично ги демантираат информациите кои ги пласира СДСМ. Партијата најави и тужба за клевета.
-Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста. Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДС кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз. На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи. За парите дадени на Асаф Исеин можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето, посочуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Поминува времето кога Ковачевски може шеретски да седи на влада и да одлучува кој што ќе прави“.
-Да потсетиме на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен. Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош. Бараме СДС да се извини за ваквите лаги, во спротивно ќе следи тужба за клевета, велат од партијата.