Централниот одбор на ЛДП го разгледа и „едногласно го прифати договорот“ потпишан помеѓу владите на Македонија и Грција. Тројцата пратеници на ЛДП во Собранието на Република Македонија ќе гласаат за прифаќање на овој договор, се вели во деношното соопштене од таа партија.
„ЛДП смета дека со договорот е заштитет македонскиот национален идентитет. Заштитени се македонскиот народ, македонскиот јазик, култура, македонското државјанство, македонската посебност, кодовите мк и мкд и најважно заштитено е името на државата Македонија кое сега се допрецизира со географска одредница“, се додава во истото соопштение.
Најголема придобивка од овој договор, според ЛДП, е што се создаваат услови за реализирање на стратешките интереси на Македонија, а тоа е влезот во НАТО и ЕУ и се отвораат перспективите за просперитет на државата во сите сегменти на општественото живеење.
„Во исто време, сакаме да изразиме загриженост за некои делови од договорот особено околу недоволните гаранции кои ја обврзуваат грчката страна да го почитува и усвои овој договор.
Клучно за ЛДП во овој процес е референдумското изјаснување на граѓаните на Македонија. За ЛДП резултатот од референдумот ќе биде обврзувачки“, се истакнува на крајот од соопштението.