Челницата на француските ултрадесничари Марин Ле Пен мора му да врати речиси 300.000 евра злоупотребени средства на Европскиот парламент, потврди денеска судот на ЕУ, одбивајќи ја жалбата на поранешната европратеничка.
По истрагата, Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) и нареди на Ле Пен, која раководи со Националниот фронт, да ги врати средствата.
Истрагата на ОЛАФ покажа дека партиските помошници биле илегално платени од фондовите на ЕУ за работа која во Франција ја работеле за партијата.
Поконкретно, парите за кои станува збор, се однесуваат на член на персоналот кој бил вработен како помошник од 2010 до 2016 година.