Освен лебот, чија цена Владата ја замрзна на 33 денари, денеска се очекува ново замрзнување на цените на дел од прехранбените производи. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на тестенините и на млечните прооизводи.

Неодамна премиерот Димитар Ковачевски се сликаше во продавница каде што пазари леб со смрзната цена, денеска се очекува да пазари и урда со смрзната цена. Со одлуката што се очекува да ја донесе Владата ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата,…

Тестенините, според министерот Бектеши, ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека за млечните производи ќе се причека производителите до денес да се подготват зашто, како што изјави, некои веќе и самите ги намалуваат цените.

– Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи. Ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна вчера Бектеши.

За одлуките за замрзнување на цените, како што најави Бектеши, се очекува во текот на денот да информираат заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

На крајот на февруари, Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажаа дека дел од компаниите не ги намалиле цените соодветно иако користеле субвенционирана електрична енергија.

Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде. Ние сме подготвени за средба со Владата, но не да не канат преку прес-конференции, туку официја

Премиерот Димитар Ковачевски тогаш на прес-конференција рече дека нема да дозволи неоправдано зголемување на цените.

– Помина доволен период од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки за цените да се усогласат зашто помошта од државата беше навремена и реална. Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од 7 до 12 проценти. Затоа, на денешната владина седница ја укинавме мерката за повластена струја. Производителите на прехранбени производи ќе се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија, изјави Ковачевски на прес-конференцијата во февруари.

По ова пекарите ја спроведоа најавата дека нема да произведуваат леб и два дена не дистрибуираа бел и полубел леб по што Владата донесе одлука со која ги обврза производителите на леб и трговците да го произведуваат и продаваат лебот по 33 денари. Дистрибуцијата и продажбата на лебот продолжи, а пекарите најавија дека одговорноста ќе ја бараат по судски пат.